Манифестација „Бела ноќ“ утревечер по 13. пат во Скопје
Традиционална манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи утревечер во Скопје по 13. пат. Во рамки на програма на повеќе локации во градот ќе се одржат концерти, изложби и перформанси.
Изложбата „Помеѓу ѕвездите и басните“ на Салвадор Дали ќе биде отворена во Галеријата на Младинскиот културен центар – МКЦ. Ќе бидат претставени вкупно 29 дела од овој уметник. Изложбата е организирана во соработка со уметничката галерија „Висконти“ од Љубљана и Централноевропскиот културен центар од Нови Сад.
Во горното фоаје на кино „Фросина“ во МКЦ ќе биде поставена изложбата „Сексот и револуцијата“ на авторскиот тим Катерина Станковиќ – Бјеговиќ, ликовна уметничка и Јелена Живковиќ, историчарка.
На плоштадот „Македонија“ во 21 часот перформанс ќе има корејската трупа „Tago&АtoBIZ“. На платото на Младинскиот културен центар ќе настапат „Barbarisms“ – тричлен бенд од Стокхолм, предводен од американскиот композитор Николас Фараоне, тетовскиот бенд „Conquering Lion“ и „Ninos Du Brasil“, перкусионистичко италијанско дуо, со позадина од бразилската карневалска музика.
Во Дансинг салата на МКЦ ќе настапат „I TPAME I TVRAME“ и „UJ PA GAZ“ од Албанија, „KANTON6“ и Нино Наумов и DJ Set од Скопје. Во џебното кино на МКЦ соло-настап ќе има Алекс Јонсон од Данска, наградуван гитарист, композитор и импровизатор. Во рамки на 24-часовниот филмски маратон во кино „Милениум“ ќе се прикажува новиот филм „Кога денот немаше име“ на режисерката Теона Стругар Митевска.
Возењето во градските автобуси на ЈСП Скопје кои сообраќаат кон централното градско подрачје, од 19 часот до раните утрински часови ќе биде бесплатно.
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја