Ракомет
30. March 2016 - 9:35

Македонските ракометни јуниори во контролен дуел подобри Бугарија

Македонската јуниорска машка репрезентација (У20), убедливо ја совлада соодветната селекција на Бугарија со 31:15 на пријателската средба што се играше во Скопје.
 
Натпреварот што се одигра вчера во салата „Автокоманда“ беше првиот од двата предвидени во рамки на подготовките на нашите јуниори за квалификациите за Европското првенство.
 
Македонија и Бугарија денеска ќе одиграат уште една средба, исто така во салата Автокоманда со почеток од 12 часот.
 
Најефикасен играч во составот на Александар Јовиќ беше Филип Талевски со пет погодоци.
 
Јуниорската репрезентација на Македонија во периодот од 8 до 10 април ќе настапи на квалификациски турнир за ЕП 2016 што ќе се игра во Швајцарија. Противници на нашата селекција во квалификациската група се Црна Гора, Фарски Острови и домаќинот Швајцарија.