Македонија
1. April 2024 - 12:16

Македонските јагниња остануваат непродадени

Голем дел од македонските јагниња останаа непродадени и сега на сточарите не им ги сакаат ниту во кланиците затоа што имаат голема тежина. Доколку пак не ги предадат во кланиците, сточарите нема да добијат субвенција од 1.000 денари по јагне. Велат дека се наоѓаат во крајно безизлезна состојба и бараат помош од државата да се укине овој закон, сакаат да можат сами да си најдат пласман и да не бидат врзани со кланиците.

„И сега на овие јагнињава што да му правиме и јас незнам. Имам останато уште околу 170 денари. Кланиците не ги земааат сега се веќе големи, а мора во кланица да ги давам испод цена за земам субвенции, ако ги давам на приватно нема да земам субвенции. Државата нека си дава субвенции за овците колку овци толку субвенбции да се земам јас. На приватно јас можам да го дадам 260 или 270 денари, а кланиците даваат само 200 денари“, вели Марјан Стојаноски, потпретседател на здружение за овчарство „Орлови Бари“.

Моментално кланиците им давале само по 200 денари за килограм. Сточарите велат дека бараат цената на јагнето дас да ни биде по 300 денари за килограм за да им биде исплатливо. 

„А и кланичарите неможат дома да го носат јагнето. За Хрватска не одеше јагнето, за Италија ова јагне не оди, сега тој што го воведе законот дека 1.000 денари на јагне ќе ни даде предаено и ако не го дадеме во кланица ќе земеме помалку и 50 до 60% проценти помалку субвенции за овците сега тој господинот нека дојде нему јас да му го продадам јагнињата. Тој што го измсли законот. Сега кај мене има 5 тони јагниња, 5 тони жива мера месо имам. Јас со 200 денари сум скроз во загуба. Еве 24 денари концентрат плаќам кило, а денеска под 100 евра не се јагнињата што јадат. Значи секој ден од 6.000 до 7.000 денари давам за нив за да ги прехранам“, додаде Стојаноски. 

Обвинуваат дека со ваквите постапки државата само го уништувала сточниот фонд кој секоја година бил се помал и помал, а нови стада во Македонија се немало регистрирано веќе 15-тина години. Бројот на овци алармантно се намалувал.