Македонските фудбалерки до 17 без освоен бод го завршија настапот на турнирот во Полска
Младата македонска фудбалска женска репрезентација со три порази го заврши настапот на квалификацискиот турнир одржан во периодот од 13 до 19 март во Полска.
Македонките беа во групата 7 во рамките на А лигата (втора рунда) од квалификациите и за противници ги имаа Полска (домаќин), Данска и Шкотска.
Во првото коло македонската репрезентација загуби од домашната селекција со 9:0, потоа следуваше пораз од Данска со 3:0, а во последното коло од Шкотска со 7:0.
Првото место го освои домаќинот и фаворитот во групата Полска со три победи и девет освоени поени. На второто место се најде селекцијата на Шкотска со две победи, пораз и шест освоени бодови. Трета заврши Данска со три освоени бодови.
Во следниот квалификациски циклус, македонските фудбалерки до 17 години ќе играта во Лига Б.
Ново на Сител
-
114 сообраќајни санкции во Скопје
-
Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – Првиот испит од државната матура
-
Без струја дел од улицата од Центар
-
Финале на ЛШ: Рекорден триумф на Реал или последен победнички танц на Ројс со Борусија?
-
Хамас соопшти дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи
-
Трамп: Судењето беше многу нефер
-
Голем руски ракетен напад врз Украина
-
Состојба на патиштата