Македонија
30. March 2018 - 19:51

Македонскиот амбасадор Карајанов повикан во руското МНР

Македонскиот амбасадор Гоце Карајанов денеска бил повикан во руското Министерство за надворешни работи каде го информирале за дипломатските контра мерки што ќе ги повлече Руската федерација откако Македонија одлучи да протера руски дипломат, потврдуваат за МИА извори од МНР. 

Руското Министерство за надворешни работи повикува западни дипломати кои ги запознава со реципрочни мерки откако нивните земји се солидаризираа со Велика Британија во врска со случајот Скрипал и протераа руски дипломати.