Македонската литература на Саемот на книга во Франкфурт
Повеќе од 400 наслови од над 250 македонски автори, наградувани и преведувани, меѓу кои и 70 наслови од македонски автори преведени на европски јазици ќе бидат изложени на штандот на Република Македонија на Саемот на книга во Франкфурт, кој ќе се одржува од 11 до 15 октомври.
Претставувањето на Македонија на Саемот во Франкфурт годинава е во организација на Македонската асоцијација на издавачи, а финансиски е поддржано од Министерството за култура. Комесари на годинашното претставување на саемот се издавачките куќи „Три“, „Арс Ламина“, „Култура“ и КСЦ Полица. Македонскиот промотивен штанд ќе биде сместен во петтата хала за меѓународни учесници под мотото „Магијата на македонската литература“.
- Во текот на саемските денови ќе бидат претставени пред се примероци од современата македонска книжевност, македонските автори кои веќе имаат објавено преводи на странски јазици, а фокусот на претставувањето ќе биде преведувањето на македонската книжевност на странски јазици, рече пртеседателот на Македонската асоцијација на издавачи Бојан Саздов. Додаде дека ќе го потенцираат квалитетите на македонската книжевност, ќе работат на привлекување на интересот на странските издавачи и ќе го презентираат фондот на Министерството за култура за превод на македонска книжевност на странски јазици.
За 14 октомври во 12 часот во еден од промотивните центри на саемот е предвидена панел дискусија на тема „Предизвиците на патот кон меѓународна афирмација на книжевност на ,малите јазици’“. Предвидено е да учествуваат претставници од Словенечката агенција за книга, еден од нашите напреведувани автори Лидија Димковска, Стефано Бисачи, италијански агент и сопственик на агенцијата „Темпи иреголари“ и потпретседателот на Здружението на грузиските издавачи.
Саемот на книга во Франкфурт е најголемиот настан на меѓународната издавачката индустрија. Годинава ќе има околу 7.300 изложувачи од повеќе од 100 земји и околу 300.000 посетители. Предвидени се околу 4.000 настани и присуство на повеќе од 10.000 акредитирани новинари, вклучувајќи и 2.400 блогери.
Ново на Сител
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција
-
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска
-
Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад на неговата ќерка
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски