Спорт плус
17. November 2023 - 20:02

Македонската кикбокс репрезентација отпатува на Светското кикбокс првенство во Португалија

Македонската кикбокс репрезентација отпатува на ВАКО Светското кикбокс првенство кое ќе се одржи од 17-26.11.2023 во Албуфеира, Португалија.

Репрезентацијата ја предводи претседателот и селектор Дејан Митровски - Урко, заедно со тренерот Драган Атанасовски и истата е составена од Бобан Илиоски, Андреа Костовска и Климент Грозданоски.

На ова првенство учество земаат 77 држави од светот и 1429 натпреварувачи.

“Репрезентацијата е комплетно спремна. Нашата цел е веќе поставена - атакуваме на светско злато. Поткрепени сме енергетски со светски познатиот пијалак “PRIME” и одиме да собереме светски медали ”- изјави претседателот Митровски.