-->
-->
Македонија одигра нерешено против Италија
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено со Италија во меч од квалификациите за Светското првенство што следната година ќе се одржи во Русија.
На натпреварот во Торино, Италија и Македонија одиграа ,,реми" 1-1.
Иако првата голема можност за гол ја имаше нашиот капитен Пандев чиј удар Буфон го одбрани, сепак Аѕурите беа оние кои први се радуваа.
Џорџо Кијелини во 40.минута му донесе предност на домаќинот.
Вжзадоволби од водството Италијанците во вториот дел повеќе размислуваа за одбраната, а тоа нашите фудбалери знаеја да го казнат. Казната дојде во 70-минута по акцијата на триото играчи кои играа во Серија А. Започна од Несторовски, а по асистенцијата на Пандев, Трајковски успеа да го совлада Буфон за израмнување на 1-1.
Ако, во првиот меѓусебен дуел пропуштивме шанса да ги победиме Италијанците сепак во вториот Македонија го заслужи најмалку едниот освоен бод.
Овој циклус на квалификации црвено-жолтите ќе го заокружат во понеделник кога пред домашната публика ќе имаат можност да ја остварат и третата победа, бидејќи во Струмица ќе гостува аутсајдерот Лихтенштајн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци