Ракомет
23. јуни 2016 - 9:17

Македонија ќе ги добие ривалите од групата за СП во Франција

Ракометната репрезентација на Македонија попладне ќе ги дознае противници за Светското првенство во Франција што ќе се игра од 11 до 29 јануари 2017 година.
 
Македонската репрезентација ќе биде извлечена од третиот шешир, во кој се и селекциите на Шведска, Русија и Белорусија против кои не ќе може да игра во првата фаза. 
 
Во останатитре шешири се: 
 
Шeшир 1: Франција, Германија, Катар, Шпанија.
 
Шешир 2: Хрватска, Словенија, Данска, Полска.
 
Шешир 4: Унгарија, Исланд, Бразил, Египет.
 
Шешир 5: Тунис, Чиле, Бахреин, Јапонија.
 
Шешир 6: Аргентина, Ангола, Саудиска Арабија, Норвешка.
 
Извлекувањето на групите во Париз ќе почне во 14 часот.
 
Натпреварите од Мундијалот ќе се играат во осум градови: Париз, Нант, Лил, Монпелје, Албервил, Руан, Брест и Мец.