Бизнис
22. August 2017 - 20:30

Македонија изгуби 119 милиони евра од ИПА фондовите, до крајот на годината можно е да бидат загубени уште 30 милиони евра

Околу 120 милиони евра од парите од ИПА фондовите Македонија ги изгубила. Ова се пари кои за различни прокети ЕУ ги доделила на земјава, но проетките не се реализирале и парите биле вратени. Под ризик се дополнителни 30 милиони евра кои ако не бидат искористени до крајот на годината, исто така ќе бидат вратени, а реализацијата на проектите ќе падне на товар на буџетот.

До 2020 година, Македонија има на располагање 644 милиони евра пари на европските даночни обврзници за различни проекти. 445 милиони од нив се веќе програмирани, а уште во фаза на програмирање загубени се 40 милиони од нив. Државата ќе преземе мерки за поголемо искористување на овие пари.

Преку парите од ИПА програмите досега се релизирани бројни прокети во земјава, а главен приоритет беше подобрувањето на инфраструктурата.