Мајкл Блумберг: Размислувам да се вклучам во претседателската трка во САД
Поранешниот градоначалник на Њујорк и милијардер Мајкл Блумберг, потврди дека размислува да се вклучи во изборната трка за претседател на САД.
Во разговор за лондонски „Фајненшл тајмс“ Блумберг вели дека ги испитува сите можности за евентуалното вклучување во изборниот процес.
Блумберг остро го критикува досегашното ниво и квалитетот на дебатата во годинешнава предизборна кампања, тврдејќи дека амаериканските гласачи заслужуваат „многу повеќе“.
- Забележувам дека нивото на говорот и дискусиите е тажно банално и скандалозно, што претставува навреда за гласачите- вели Блумберг за „Фајненшл тајмс“.
На почетокот од неговото вклучување во политиката, беше демократ. Во 2001 година тој се сврте кон републиканците, а сега се претставува како независен политичар.
Американските политички аналитилари сметаат дека, иако Блумберг е претставник на бизнисот, неговите либерални позиции и погледи за контролата на оружјето, или за абортусот, значат дека доколку би се вклучил во избирната трка, како независен кандидат, би им наштетил на демократите и на нивниот претседателски кандидат.
Во досегшната политичка историја на САД, ниту еднш не се случило, независен кандидат да биде избран за американски претседател.
Изјавата на Мајкл Блумберг за „Фајненшл тајмс“ е првото негово признание дека размислува за претседателската трка.
Претходно, негови советници навестија дека постои можност тој да се вклучи во трката за претседател на САД, но таквото откритие не беше ниту потврдено, а ниту демантирано.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци