Македонија
28. јуни 2017 - 16:40

Мајките протестираа: Институционалното молчење значи одобрување и стимулирање на педофилијата

Министерството за труд и социјална политика не смее да ги премолчи јавните обиди за легализација на педофилијата. Од невладината организација „Здружение за здраво поколение“ бараат министерството најостро да ги осуди ваквите изјави и истите да бидат санкционирани согласно законите. Прашуваат зошто повеќе од еден месец на интернет-страницата на министерството не функционира ниту официјалниот регистар на педофили.

Како родители сме загржиени, затоа што после една недела се уште немаме одговор од Министерството за труд и социјална политика, односно реакција од нивна страна, зошто нивното молчење значи одобрување и стимулирање на таквите појави, за уште повеќе да се разбудат тие болни мисли во главите на личностите кои што се закана за нашите деца. Таквото однесување, таквите изјави треба да бидат остро осудени и бараме реакција од надлежното министерство. Како родители сме особено загрижени во овој период од годината, кога нашите деца се по парковите, кога се по игралиштата, дали се безбедни и дали некој кој што порано бил регистриран во регистарот на педофили, кој што беше на веб страната на министерството, вели Ирена Мирчевска од „Здружението за здраво поколение“.  

Ваквите реакции се директно поврзани со колумната која пред неколку дена ја објави невладиниот активист Никола Шиндре во која тој пишува дека педофилите како и децата кои сакаат да имаат сексуални односи со возрасни се маргинализирана група, која се соочува со престроги казни.

Колумната беше најостро осудена и од директорот на првата детска амбасада Меѓаши кој вели дека на ваков начин се прекршуваат основните права на детето и најави претставка до Нардониот правобранител. Меѓаши се залага за доживотен затвор или хемиска кастрација на секој педофил, со цел извршителите на вакви тешки кривични дела да бидат во целосна изолација.

Обидот за оправдување на педофилијата преку социјалните мрежи го осудија и голем број јавни личности, истакнати професори, психолози и социолози.