Балкан
15. April 2016 - 14:08

Мајката на Јелена во куќата на Марјановиќ: Овде сум само поради внуката, не ме прашувајте ништо!

- Се што сакам е да се најде убиецот, овде дојдов поради внуката, само таа ми е важнa - рекла мајката на убиената пејачка.
 
Во семејната куќа на Јелена Марјанович, повторно дошла нејзината мајка Зорица. Меѓутоа за разлика од претходниот пат , таа останала пократко. Дали ова значи дека таа нејќе повеќе да се задржува во куќата на нејзиниот зет, со оглед на тоа дека сеуште не е утврдено дали тој е поврзан со убиството на пејачката.
 
Мајката на убиената пејачка Јелена Марјановиќ отишла да ја посети својата внука, но во куќата на Марјановиќ била само 15 минути.
 
- Само чекам да се пронајде убиецот, тоа е се што сакам - рекла Зорица Крсмановиќ.
 
На прашање како ги коментира информациите кои овие денови медиумите ги пренесуваат во врска со осомничените за ова убиство, се што рекла било:
 
- Овде сум поради внуката, за ништо друго, таа ми е важна, не ме интересеира ништо друго, и ништо повеќе не сакам да коментирам - изјавила мајката на убиената пејачка.
 
Видно потресена со солзи во очите, таа заминала заедно со својјите пријатели и роднини кои ја чекале. 

Ново на Сител