-->
-->
ЛШ: Вардар доживеа пораз од Кјелце
-->
Кјелце славеше над Вардар со 23:20 (10:6), во деветтото коло во Бр групата, во Лиагата на шампионите. Поразот во Полска беше трет во низа за ‘црвено црните’, вкупно чтврти во сезоната.
Вардар во Полска го одигра најлошиот меч во досегашниот тек од сезоната. Особено лошо делуваа избраниците на Раул Гонзалес во првото полувреме, кога можеби и наивно ја прифатија грубата игра, во која Кјелце многу подобро се снајде. Во текот на целиот меч лошо Вардар лошо бранеше со ракометар повеќе (Кјелце постигна четири гола) и лошо ги изведуваше седмерците (2/5).
Вардар во првото полувреме, успеа да постигне само шест гола, односно по еден на секои пет минути. Првиот период го одбележа грубата игра, особено на играчите на Кјелце и вардаровиот голман Милиќ, кој со девет одбрани, спречи полскиот тим да има поголема предност од четири гола.
‘Црвено црните’ во првите десет минути постигнаа само два гола, тогаш Кјелце ја создаде предноста од три голови (5:2), која ја задржа до крајот на полувремето.
Вардар во првиот дел функционираше во одбраната, најамногу поради одличниот Милиќ на голот, но во нападот никако не можеше да го најде вистинскиот ритам.
По сценариото од првиот дел се играше се до 43.минута кога Кјелце стигна до максималната предност на мечот 17:10.
Но успеа Вардар некако да се врати во мечот, до крајот постигна десет голови и избори пристоен пораз. Во последната четвртина од натпреварот профункционира соработката на бековите со пикерот Марсениќ кој во овој период ги постигна своите пет голови.
Покрај голманот Милиќ, кој мечот го заврши со 14 одбрани, светли точки во вардаровата екипа беа Горбок и Марсениќ кои постигнаа по пет, односно Дибиров кој постигна четири гола.
Ракометарите на Вардар во наредното коло на 5.декември, во Скопје, ќе го пречекаат Колдинг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер