Живот
28. March 2017 - 22:03

Лондонскиот терорист ги малтретирал своите деца, но неговата ќерка му се одмаздила за сè

Халид Масуд, радикалниот исламист кој што минатиот четврток изврши терористички напад на Вестминстер, се обидел своите две ќерки да ги преобрати во ислам, но тој план му успеал само делумно.

Постарата негова ќерка, Енди, целосно се посветила на верата како што тоа го правел нејзиниот татко, наводно денес живее во Бирмингем, има арапско име и го прекрива целото свое лице со бурка.

Од друга страна, неговата помлада ќерка, Тиган, успеала да ги издржи малтретирањата на нејзиниот татко. Таа и нејзината мајка го преживеале теророт во нивниот дом и ги игнорирала заканите на нејзиниот татко кој што тврдел дека таа мора да се преобрати во ислам и да се радикализира.

Англиските медиуми пренесуваат дека нејзината најголема одмазда кон нејзиниот татко била кога се појавила на матурската вечер со фустан кој што повеќе открива, отколку што покрива.

-Нејзината мајка Џејн жестоко се противела на идејата нејзините ќерки да станат верски фанатици. Но, постарата ќерка Енди не ја слушала мајката и го напуштила домот – открил школски другар на ќерката на терористот.

-Енди ја напушти нејзината мајка и сестра и замина да живее кај нејзиниот татко. Немам поим зошто тоа го направи, тој тип беше тотален лудак – открил тој.

Халид Масуд бил роден со името Ејдријен Расел Аџао, а се преобратил во исламот во 2003-та година додека бил во затвор. Џејн Харвеј претходно ја запознал додека работел со неа во една фармацевтска компанија и со неа добил две ќерки, но се развеле во 2000-та година кога завршил во затвор.

Тој за време на војната во Босна и Херцеговина бил припадник на озлогласениот одред „Ел Муџахид“.