Македонија
21. July 2015 - 18:01

Локализиран пожарот кај манастирот Св.Илија во непосредна близина на Велес

Пожарот кој денеска некаде околу 12.05 часот бил пријавен во ППЕ во Велес со брза интервенција на велешките пожарникари е локализиран.Со пожарот беа зафатени 10 хектари сува трева и нискостеблести растенија.

Како што информира за МИА, командирот на ППЕ Љупчо Лепидовски со брза интервенција на пожарникарите  спречено е со пожарот  да биде зафатен манастирот „Свети Илија“ кој е во непосредна близина.

- Пожарот е ставен под контрола,  а  тоа значи дека огнот се уште целосно не е изгаснат и тлее,и поради ветрот  кој дува попладнево и можноста повторно да пламне огнот, наша пожарникарска екипа сеуште е на терен, истакна Лепидовски.

Лепидовски  вели дека според неговите првични информации пожарот најверојатно го предизвикале сточарите кои на овој рид  ја напасуваат стоката.