Македонија
8. May 2016 - 16:59

Литијата во Струга посветена на Св.Ѓорѓи Победоносец

Градот на мостовите осветен од моштите на Свети Георгиј Победоносец донесени од манастирот во Рајчица и неговата чудотворна икона. Илјадници верници од сите краеви и оваа година  ја продолжија духовната древна традиција. 
 
Литијата,предводена од првиот редар облечен во римска воена облека како од времето на Свети Георгиј кој бил воен трибун во римската војска ,звуците на оркестарот гласовите на псалатите и главниот украс на молитвената поворка чесните мошти и чудотворната икона опкружени од верна гарда од мијачкиот крај беше во духот на мирот, светлината и љубовта.
 
Стружани живет за овој весел ден кој допринесува за продлабочување на верата.
 
Свечената Еордија во Струга, посветена на Светиот Великомаченик Георгиј, великиот сведок на Воскресението Христово е возобновена пред седум години.