Бизнис
8. November 2016 - 16:12

Лимак Холдинг најавува старт на инвестицијата вредна 250 милиони евра

До крајот на годината турската компанија Лимак холдинг очекува да ги добие потребните дозволи за градежниот проект од 250 милиони евра, кој би била најголемата директна странска инвестиција во земјава досега.

Лимак треба да гради мултифункционален деловно-станбен комплекс кај Старата железничка станица, веднаш до Музејот на Град Скопје, а под него подземна двонасочна сообраќајница со шест ленти.

Комплексот поредвидува на површина од 300.000 метри квадратни четири 20-катни згради со околу 1.000 станови, шопинг мол, казино, деловен простор, центар за простор за културни активности, паркинг и останати содржини. Очекуваат, покрај домашните, купувачи на становите да има и од Турција и од други земји во кои има иселенци од Македонија, а шопинг улицата долга 800 метри да привлече муштерии и од регионот.

Од менаџментот на компанијата изјавија дека во текот на изградбата месечно ќе бидат ангажираат по 700 лица, а по завршувањето на во компкексот постојано ќе бидат вработени од 2.000 до 2.500. Од Лимак потенцираа дека во градежните активности ќе набавуваат локални материјали и ќе ангажираат македонски фирми.

Целосната реализација на проектот чиј старт се очекува по новата година треба да заврши за  2,5 до три години. Согласно договорот со властите, постоечката зграда на Музејот на Град Скопје нема да се наруши и стилски ќе биде вградена во комплексот.

Освен градежништво Лимак има инвестиции во хотелиерство, енергетика, храната. Го гради новиот аеродром во Истанбул кој треба да биде најголем во светот. Не исклучува и други инвестиции во Македонија.