Лијам Фокс: Трговијата со ЕУ ќе остане онолку слободна колку што е сега
Британскиот министер за надворешна трговија, Лијам Фокс изјави денеска дека верува оти трговијата на Велика Британија со ЕУ, ќе биде „онолку слободна, колку што е и сега“.
Фокс вели дека во интерес на другите земји е да се спречи определувањето на трговски тарифи кои, спред него, само им наштетуваат на луѓето во ЕУ.
Овој британски министер смета дека Велика Британија ќе биде голем приврзаник за глобална слободна трговија, како и дека Брегзит претставува „златна можност“ за градењето нови трговски врски.
Лијам Фокс, кој по професија е лекар од општа практика и кој беше неколку месеци министер за одбрана во првата Влада на претходниот премиер Дејвид Камерон, е „тврд евроскпетик“. Во текот на кампањата за референдумот, тој беше дел од кампањата за излез од ЕУ.
Во говорот пред британските бизнис лидери тој порача дека во светот постои голем интерес за склучување договори за слободна трговија со Велика Британија.
Преговорите и склучувњето договори, сепак, ќе може да се случат, дури откако Велика Британија и формално целосно ќе се повлече од ЕУ, а тоа е малку веројатно дека ќе се случи пред јануари 2019 година.
Фокс најави дека Велика Британија ќе биде „целосно независен“ член на Светската трговска организација, порачувајќи дека тој не прифаќа „нежно излегување“ од ЕУ, ниту членувње во заедничкиот пазар и во царинската унија.
Ова е првпат еден министер од владата на Тереза Меј јавно да зборува за позицијата на Велика Британија во пост-Брегзит периодот.
Владата во Лондон се уште нема дефинирана позиција за преговорите со ЕУ, додека од Брисел повеќепати порачаа оти за останување на заедничкиот пазар е неопходно Лондон да го прифати основното правило на Унијата за слободно движење на работната сила.
На ова инсистираат најмногу Германија и Франција, додека Италија предупреди оти Велика Британија не може да очекува за себе поголеми права од оние што ги имаат и добиваат другите земји кои не се членки на ЕУ.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец