Македонија
20. November 2016 - 16:55

Лидерот на опозицијата веќе подолго време работи на неповратен процес на федерализација на Македонија

СДСМ вчера потврди дека планира редефинирање на уставот, воведување двојазичност и федерализација велат од ВМРО ДМНЕ. Тоа што вчера преку сооштение го испрати СДСМ е потврда за срамните ветувања на Зоран Заев кои ги даде пред албанската дијаспора во Швајцарија обвинува партијата. Побараа од медиумите да не известуваат дека тој бил човекот кој храбро го отворил прашањето на двојазичноста и храбро одлучил да поставува двојазични табли на штабовите на СДСМ.

Дека планот на СДСМ е распад на државата во три фази преку двојазичност – федерализација – отцепување, пишува и Република. Ваквата агенда СДСМ ја презентира и пред  албанците во скопско на митинзи во училиштата каде нуди редефинирање на Македонија. По ветувањата пред албанската дијаспора во Швајцарија кои ја шокираа јавноста,  функционери на СДСМ на социјалните мрежи наголемо се фалат дека двојазичноста и менувањето на Уставот лидерот почнал да им го нуди и на албанците кои живеат во Македонија, пишуваа порталите. Да биде скандалот уште поголем, политичките ветувања и митинзи Заев и СДСМ ги одржуваат во основни училишта што според изборниот закон е најстрого забрането пишува порталот. Од фотографиите се гледа како агендата за албанците Заев ја објаснува качен на училишно столче а зад него на таблата пишува „прво тримесечје на албански јазик “.

На јавноста и е јасно дека кризата што ја наметна СДСМ и ја одржува две години со помош на Сорос и албанските радикали, од Беса, од соседството но и високото раководство на партијата не е за доброто на Македонија туку за да им го отвори патот на албанците радикали да реализираат планот за Голема Албанија пишува Република. Пред дијаспората во Швајцарија Заев упати жестоки критики за надворешната политика кон соседите и отворено афирмирање на идеите за двојазичност во државата.

Лидерот на СДСМ предложи и проширување на рамковниот договор со еднаква примена на јазикот од најбројните  малцинските групи граѓани.

Она што го зборува Заев, Шилегов пластично им го доловувал на албанците во тетовско , за употребатана јазикот како официјален, пред се во безбедносниот сектор полицијата и армијата пишува Република.

Заев го прекрши изборниот законик и кога им даде задача на вработените од ПОЦ во униформи за време на работа,  да делат флаери за отворање на штаб на СДСМ. Претходно и општинската администрација во Струмица ја ангажираше за промотивен спот на СДСМ и тоа во рамки на работното време. ( видео ) 

Дека Заев е свесен дека двојазичноста води кон федерализација, потврдува и изјавата на првиот човек на албанската дијаспора Муса Љамалари.

Република потсетува и на првото интервју на Зоран Заев за неделникот, кое е дадено непосредно по стапувањето на лидерската функција во кое зборува за двонационален идентитет.