Македонија
20. November 2017 - 17:25

Лесново ќе аплицира за првиот гео парк заштитен од УНЕСКО

Лесново ќе конкурира да биде првиот Гео парк во земјава под заштита на УНЕСКО. Ова е заедничка иницијатива на Центарот за развој на источно планскиот регион и општина Пробиштип. Просторот изобилува со раритетните гео форми и траги на вулканизам.

- Сочувани форми кои се раритет не само во Македонија и на Балканот, туку и пошироко. Самиот кратер, купите околни, вулканските бомби итн. Ние имавме некои посетители, па и колеги од западните земји. Тие се воодушевени она што можеле да го видат на само пет или десет километри на тој мал простор, изјави Ивица Милевски, национален експерт за туризам

Гео паркот е всушност е простор за одржлив туризам каде посетителите не само што ќе можат да видат гео морфолошки релјефни формации, туку една симбиоза помеѓу нив и биолошките уникатности и културните вредности со кој располага еден крај. Доколку Лесново влезе „под капата “ на УНЕСКО, тоа ќе значи пристап до огромни фондови за изградба на сместувачки капацитети и инфраструктурно уредување.

- Тоа е многу добар и многу профитабилен концепт и мислам и се надевам дека ќе успееме да биде овој простор познат и на меѓународно рамниште-додаде Милевски

Во регионот, Гео паркови има само во Хрватска и Бугарија, а Србија е во фаза да се здобие.