Македонија
20. January 2018 - 19:32

Лажни хуманитарци собирале средства за болни деца

Родителите на деца со посебни потреби, организирани во граѓанската иницијатива „5 до 12“, реагираат на манипулациите кои во нивно име ги прават разно –разни организатори на хуманитарни концерти, донаторски и хуманитарни акции. Имено, во изминатиот период сите овие т.н. хумани дела се спроведуваат инкогнито, без знаење на родителите на овие деца, а се нема ниту увид и во собраните средства.

  • Парите кои на драго срце, нашите граѓани ги донираат и мислат дека се донирани за нашите деца, не завршуваат кај децата-изјави Зоран Мијалков, родител на дете со аутизам

Почитувајќи ја презумцијата на невиност, Мијалков не сакаше да открива поединечни имиња и настани за класична злоупотреба, меѓутоа информираше дека веќе формирале правна комисија составена од родители, судии и адвокати, кои собираат информации од терен за лица кои сториле ваков нечовечки чин.

  • Веќе наши членови одат да ја испитат ситуацијата. Кој луѓе се, што луѓе се, кој луѓе во некои градови имаат поставувано кутии за донации, а при тоа не се биле родителите и здруженијата информирани, тогаш до надлежните институции, полицијата и обвинителството ќе бидат поднесени и тогаш ќе излеземе и со имиња и презимиња- додаде Мијалков

Против сторителите на овие злонамерни и немилосрдни дела ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави, а се со цел во иднина да не се користи туѓата мака за лично богатење.