Живот
23. September 2017 - 11:08

Квартот каде беше сниман хитот „Деспасито“ Ирма и Марија го направија сито и решето

Живописно обоените згради се уништени, оставајќи само трага од тоа како некогаш изгледало ова место.

Со децении туристите кои го посетувале Порторико ја избегнувале населбата Сан Хуан – Ла Перла, место кое го врзувале со криминал и дрога. Но, тоа се се смени по објавата на песната „Деспасито“ која буквално го полуде светот и ги сруши сите рекорди.

Последните години, жителите на оваа населба напорно работеле за да го поправат имиџот на овој дел од градот, а во тоа им помогнаа Луис Фонси и Деди Јенки кои се одлучиле баш во Ла Перла да го снимаат спотот на познатата песна.

Од тогаш, населбата е постојано полна со туристи кои секојдневно ја посетуваат. Но, ураганите Ирма и Марија ја уништија.

По ураганот Ирма на социјалните мрежи се појавија фотографии и видео снимки на кои се прикажени празните улици и опустошениот град, но без огромни штети.

Меѓутоа се повеќе се стравувало од налетот на ураганот Марија кој одел директно кој оваа островска држава. Порторико после Марија стана пустош и целиот остров е без струја. Ураганот Марија уништи многу згради и остави голем број делови на Порторико без струја.

Најмалку 15 лица се загинати, а меѓу нив се и оние осум удавени во местото Тоа Хаха одалечено 32 километри од Сан Хуан.