Македонија
27. January 2017 - 16:54

Курир: Последна офанзива на опозицијата пред одлуките на ДУИ

Паника кај опозицијата, соросовите медиуми  на македонски и албански јазик од вчера се во последна офанзива пред одлуките во ДУИ , пишува Курир. Во текстот на порталот пишува дека сите можни видови на закани и заплашувања, шпекулации, навреди, црни сценарија и лажни информации се во функција. Се забележува како на половина час излегуваат нови написи, а таквата наредба очигледно доаѓа од спонзорите кои ги делат парите на Сорос, по секоја цена да се обесхрабри дуи да донесе принципиелна одлука за коалицирање со ВМРО ДПМНЕ и со создавање заедничка влада, пишува порталот. Воцелото сценарио се вклучени и одредени дипломати , кои се уште некои од нив тајно лобираат надевајќи се дека стравопичитта кај некои функционери од дуи кон нив нема да исчезне и еден ден јавно да проговорат стои во тесктот. Според ова сценарио, последната карта е да не влегле во владата лица кои биле осомничени од СЈО како да јавноста не знае дека ова обвинителство работи под команда на чадорот и сдсм. На  овој начин, некој од надвор сака да состави влада со лица кои ќе цени дека се најдобри за него, надвор од волјата на народот и понатаму да има механизам за елиминирање  политичарите кои не прифатија вазалска улога. Меѓутоа, овие фактори забораваат дека мнозинството од народот слушна и виде се’ од СЈО, го процени и го отфрли, гласајќи за оние во кои има доверба и кои докажано се бореа за напредок на државата и подобрување на животот на сите граѓани. Повлекувањето на обвинението на Заев за случајот „Пуч“ има повеќе причини, но една од нив е тој да не влезе во групата на осомничени од СЈО, пишува порталот. Се даде и најава дека не исклучуваат можност пак да се навратат на предметот, а тоа е порака до Заев да продолжи да слуша и да спроведе се што ќе се бара од него.Но, за да Заев ја преземе власта,критични се овие денови и затоа соросовите медиуми се во последна офанзива. Порталот Алмакос кој е финансирам од средства на Сорос, објави дека 50 илјади албанци ќе протестирале секој ден пред владата ако дуи влезе во коалиција со ВМРО ДПМНЕ, но очигледна е манипулацијата бидејќи доколку тоа беше вистина ќе направеа протест и до сега. Според порталот, дел од манипулациите за ДУИ се и изјави на политичари кои ги пренесуваат извадени од контекст, и јавно на телевизија сите соросоиди и сдсмовци во дуи го напаѓаат Али Ахмети.

Под наслов 10 причини зошто Албанците треба да одат со Груевски , пак редакцијата на сити њус од Тирана пишува зошто ДУИ треба да коалицира  со ВМРО ДПМНЕ. 

-Причините подолу се спомнати имајќи ја во предвид ситуацијата Трамп-Сорос или Ердоган-Гулен, политичкиот развој во САД и Русија како и тие од регионот помеѓу Косово и Србија, пишува City news.

Албанците моментално не можат да излезат против американската администрација затоа што републиканците ги контролираат сите механизми на државата, а Заев е јасно на страната на Сорос, стои во првата наведена причина. Според Сити Њус, САД и Русија се спремаат за договор за Крим, Балканот и Сирија,и пишуваат дека  Албанците не можат да излезат против Трамп и САД и да и им ја подарат на Србија и Русија соработката со САД, а да ги штитат Сорос и Заев.

Според коментарот на редакцијата Србија има план за дестабилизација на Босна и Косово, а за таа работа им треба нестабилна Македонија која е надвор од НАТО, така што велат, на албанците им треба стабилност која може да ја донесат само со вмро дпмне и дуи. Според анализата на сити њус Србија го напаѓа Груевски преку Ивица Дачиќ и го посакува Заев на власт затоа што Србија и СДСМ секогаш биле стратешки партнери. Дополнителна причина е што Заев не се огласил за ниту една од точките на албанската платформа, иако зеде 70 илјади албански гласа. Со 70 илјади албански гласа Заев според нив ја отворил полицата за масовна политичка асимилација, слична на југословенската, земјаќи гласови за 8 пратеници а ставајќи само двајца на изборна листа. Причина повеќе е шшто албанците во Македонија ги интересира членство во НАТО како битен стратешки фактор и само ВМРО ДПМНе може да најде заеднички јазик со Грција, според нив, со посредство на американската администрација на Трамп и заменик претседателот Мајк Пенс, со кои Груевски е во добри односи. Груевски е на чело на една регионална анти сорос војна во координација со новата американска администрација и една војна со Груевски него би го зацврстил а Албанците регионално би ги ослабело. Ова се дел од причините за кои пишува Сити Њус од Тирана.