Македонија
31. August 2015 - 19:29

Курир: 34 пратеници од СДСМ за 15 месеци поделија 50 милиони денари за седење дома

50 милиони денари поделиле само 34 пратеници на СДСМ. По 15 месеци седењее дома и земање плата од по 96,300 денари месечно, пратениците на СДСМ се враќаат во Собранието, пишува порталот “Курир“.

Ниту иницијативи, ниту законски предлози, граѓаните кои гласале за СДСМ, 15 месеци беа без своите претставници во законодавниот дом, а огромните пратенички плати секој месец си легнуваа на приватните сметки на пратениците на оваа партија.

Математиката на “Курир“ вели дека секој пратеник на СДСМ, за 15 месеци неработа, имал чист ќар од 1 милион и 440,000 денари, а вкупно сипратеници на сдсм заработиле 50 милиони денари, што во просек се минимални плати за 5000 работници.

Преку проектот Македонија вработува со овие пари државата ќе можеше да плати придонеси за 1000 нововработени, или пак проектот “јавни работи“ ќе можеа да се вратот 500 невработени.

За 50 милиони денари колку што ја чинеа државата пратениците на СДСМ за неработење, 7,000 пензионери ќе можеа да отидат на бесплатно бањско лекување, а 12,000 деца од социјалните категории ќе имаа среќа да отидат на бесплатно летување.

Споредбено со проектите на владата, за овие пари 300 луѓе ќе можеа да добијат грант за самовработување и да отпочнат свој бизнис.

Дека пратениците на СДСМ за неработа од државата инкасирале  сериозна сума докажува и фактот дека со овие пари можеше да се изградат 15 мали детски градинки или да се купат 40,000 поливалентни вакцини, а 11 различни градови да се опремат со по еден мамомграф.

Пратениците на СДСМ, овие пари си ги чуваа во својот џеб и на своите сметки. Курир пишува дека граѓаните се незадоволни затоа што додека тие напорно работат за скрпат крај со крај, пратениците на СДСМ за 15 месеци неработејќи ништо заработија вакви огромни суми.