Крвав се појави на вратата, другарите му беа мртви - момчиња загинаа после журка
Михајло Јовиќ (25) и Иван Станисављевиќ (25) од Петровац на Млава загинаа во тешка сообраќајна несреча која се случи предминатата ноќ околу 2 часот во местото Каменово, додека се враќале од журка. Двајца нивни другари во сообраќајката се здобиле со телени повреди.
Трагедијата се случила кога автомобилот марка „пежо“ со кое управувал Јовиќ, слетало од патот, скршило ограда од двор и удрило во дрво. Од силината на ударот кајсијата е откорната од корен, а од смачканиот автомобил настраданите и повредените ги извлекле пожарникари од Пожаревац. На повредените прва на помош им пристапила Бранка Миловановиќ од Каменово со своето семејство.
-Се слушна страшен тресок. Помислив дека се случила некоја сообраќајна несреќа но не излегов надвор. По некое време некој ми затропа на врата. Отпрвин се исплашивме да отвориме, а потоа отворивме и пред над стоеше русокосо момче. Главата му беше удрена, и од неа течеше крв. Му дадовме пешкир да го сопре крварењето и повикавме полиција. Не ни беше јасно како излегол од автомобилот кога видовме во каква состојба беше возилото. Колата беше целосно смачкана и нашите пожарникари од Петровец не можеа да ги извлечат момчињта, зошто немаа алат за сечење на возилото, па ги повикаа колегите од Пожаревац. Возачот и тој зад него загинале на место. Беше тоа страотна слика, раскажува Бранка наведувајќи дека во извлекувањето помагале нејзиниот син, снаата и ќерката.
Во куќата на Станиша Станисављевиќ, дедо на настраданиот Иван, завладеа молк. Додека мајката не може да зборува од тага, дедото објаснува дека неговиот внук бил фудбалски судија и дека немал постојано вработување откако завршил гимназија.
-Беше вонбрачно дете. Сите го сакавме. Беше мирно, фино и добро момче. Го сакаше спортот и малку играше фудбал. Кога утрото ни јави полицијата дека настрадал, не можев да верувам. Ова е голема трагедија за сите нас, вели дедото.
И во семејството на Михајло Јовиќ владее неизмерна тага. Мајката Весна занеме од болка, и само повремено лелека. Доаѓаат роднини, соседи, другари. Во ужасната тишина никоја не сака да зборува. Сепак велат Милош бил голем другар, сакал да се шегува и весели. Неговиот вујко вели дека сакал фудбал, играл и бил фудбалски судија.
-Беше голем фудбалер, а последниот натпревар го одигра за Мелница. Беше добро момче и сите го сакаа и почитуваа, вели вујкото Саша.
Двајцата настрадани момчиња се без татко. На Михајло таткото му починал пред десетина година, а Иван бил вонбрачно дете.
Ново на Сител
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО