Македонија
27. July 2017 - 16:43

„Крушево етно град“ пред големиот празник

Историски времеплов каде локалните жители  облечени во костими на комити, турски војници, чорбаџии, знаетчии, крчмари, госпоѓи ја оживуваат историската атмосфера од 1903 година, е рамката на веќе традиционалната културна манифестација “Крушево-етно град”, која синоќа во овој град започна по деветти пат.
 
“Крушево – етно град”, од научно-историски аспект има за цел презентирање на целокупниот начин на живеење, културата, обичаите, облеката, модата, традицијата на крушевчани, но, овој пат во својство на една нова улога, односно збогатена туристичка понуда на градот.
 
Манифестацијата “Крушево –етно град” всушност претставува увертира во следната научна национална манифестација “10 дена Крушевска Република” која започнува со завршувањето на “Крушево – етно град”, односно на 31 јули, и која годинава одбележува 50-годишен јубилеј.