Македонија
31. July 2015 - 16:55

Кражба тешка над 2 милиони денари се случила во кочанското село Мородвис

Кражба тешка над 2 милиони денари се случила во кочанското село Мородвис. Од куќата на 74 годишниот Никола С. крадците одзеле 400 000 денари, 28 000 швајцарски франци, 1000 евра и 72 француски златници.  Според исказите на оштетениот во кочанската полиција, кражбата најверојатно се случила ноќта помеѓу 29 и 30 јули, кога во куќата немало никој.

Крадецот или крадците го искористиле неприсуството на домашните и незабележани од никого, успеале да ја скршат бравата од прозорецот во приземјето од куќата и нечујно влегле внатре. Подоцнежниот увид од страна на полицијата укажал дека имало детално пребарување.

Дрските арамии успеале да ја пронајдат животната заштеда на старецот, а ентериерот бил целoсно демолиран. Кога утредента се вратил во својот дом бил ужаснат од глетката, а случајот веднаш го пријавил во полиција. Од таму информираат дека истрагата и потрагата по непознатиот сторител или сторители е во тек.