Македонија
30. September 2016 - 8:24

Конференција за подигнување на безбедноста на сообраќајот во регионот

„Справување со безбедноста на патниот сообраќај во Југоисточна Европа - предизвици и насоки за дејствување“ е темата на Меѓународната конференција што денеска ќе се одржи во Скопје.

Целта на конференцијата е на едно место да се соберат претставници од сите надлежни институции од регионот, претставници од науката, професори, аналитичари, експерти, претставници на меѓународни организации и здруженија, нво, ... и да разменат ставови, мислења и сугестии за ефикасно управување со безбедноста на патниот сообраќај во ЈИЕ. 

Конференцијата, на чие отворање е најавено обраќање на претседателот на Република Македонија, е во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На конференцијата ќе учествуваат првите луѓе на националните тела за подигнување на безбедноста во сообраќајот на патиштата во регионот, како и универзитетски професори, претставници од министерствата за внатрешни работи, од телата за подигнување на безбедноста во сообраќајот, сообраќајни инженери...