Македонија
4. December 2016 - 16:54

Коневски: Двојазичноста на Заев скапо ќе ја платат сите општини - И децата во градинките ќе треба да учат албански

Според програмата на СДСМ, дечињата во градинките од најмала возраст ќе треба да учат албански јазик дури и во општините како Аеродром каде не живеат етнички Албанци - вели за Сител градоначалникот Ивица Коневски. Тој појаснува дека цената на двојазичноста скапо ќе ја платат сите општини .

Според Коневски, најавите на Заев за двојазичност се дел од пошироко сценарио кое започна со почетокот на политичката криза, објавувањето на бомбите, Шарената револуција и формирањето на СЈО.

Коневски смета дека на овие сценарија на 11 декември граѓаните ќе одговорат реферндумски.