Концерт на Младинскиот камерен оркестар на здружението Турској
Во Скопје вчера гостуваше Младинскиот камерен оркестар на Турското културно здружение Турској кој одржа концерт на класична музика, организиран во соработка со претставништвото на Министерството за култура и туризам на Турција во Скопје и Советништвото за култура и информации при Турската амбасада во Македонија.
Младинскиот камерен оркестар на Турској е составен од 24 музичари од седум земји. Покрај концерти во Турција, имал настапи и во Лондон и Њујорк. Концертот во Скопје беше дел од неговата балканска турнеја во чии рамки оркестарот ќе ги посети и Охрид со настап на фестивалот „Охридско лето“, а концерти ќе има и во Црна Гора, Босна и Србија.
На отворањето на концертот во Скопје, советникот за култура и информации при Амбасадата на Турција Хакан Озчелик истакна дека му претставува голема чест и задоволство што се организатори на концертот на Турксој - здружение чија цел, како што рече, е да ја промовира турската култура, како и културна соработка и културната размена меѓу различните народи. Посочи и дека Министерството за култура и туризам на Турција секогаш дава голема поддршка за активностите на здружението Турској.
Во присуство на голем број гости, претставници од дипломатскиот кор и од јавниот живот во Македонија, по повод гостувањето на Турској се обратија и неговиот генерален секретар и амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара.
Ново на Сител
-
Макрон го поддржа планот на Бајден за прекин на огнот во Газа
-
Калас: Естонија нема план „Б“ доколку Украина ја загуби војната
-
Тајани: Одлуката на Шолц за употреба на оружјето на руска територија може да доведе до Трета светска војна
-
Пребројување министерски места
-
Орбан: Мора да спречиме Европа да влезе во војна со Русија
-
"Марш за живот" во Тирана против предлог-законот "Сексуален живот и репродукција"
-
Тепачка меѓу затвореници во Идризово
-
Зеленски: Намерата на Трамп со отстапки да ја заврши војната во Украина може да биде опасна