Концерт на Исмаил Лумановски со Македонската филхармонија
Македонскиот виртуоз на кларинет Исмаил Лумановски, кој живее и работи во Центарот за култура во Њујорк, вечерва во Домот на АРМ во Скопје ќе одржи концерт заедно со Македонската филхармонија.
На концертот насловен „Клецмер фешта“ ќе бидат претставени дела инспирирани од Еврејската и од т.н. клецмер музика која е спој од ромската музика, Еврејската литургиска музика и типичните музички форми на Источна Европа. Македонската публика ќе има можност да ги слушне Кончерто гросо бр. 1 од Ернест Блох, свитата „Маскарада“ од Арам Хачатуријан, како и македонската премиера на Увертирата на Еврејски теми оп. 34 од Сергеј Прокофјев и Клецмер концертот за кларинет од младиот полски композитор со еврејско потекло Влад Мархулец.
Исмаил Лумановски е роден 1984 година и се смета за еден од најдобрите музичари на својата геренација во Македонија. Има настапувано во врвни концертни сали како „Ратхаус“ во Виена, „Карнеги хол“ во Њујорк, „Сал плејел“ во Париз, палатата Емирати во Абу Даби, центарот Кенеди во Вашингтон, центарот Беркли во Бостон и многу други.
Ново на Сител
-
Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци
-
Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата
-
ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“
-
Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан
-
123 санкционирани возачи во Скопје
-
САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот
-
Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев
-
Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи