Кој ја фабрикуваше аферата „лажни лични карти“?
Како кула од карти се срушија фалсификуваните лични карти на Фокус и СДСМ. Никој никогаш и никаде не користел ниту една од стотината кои сосросвиот весник ги достави до полицијата. Информациите од извор во јавното обвинителство кои вчера ексклузивно ги објави Сител, денеска добија потврда и од заменик министерот Чавков
СДСМ преку соросовата мрежа веднаш се обиде да создаде афера која требаше да отвори сомнеж за изборни нерегуларности на последните избори. Во балонот дуваше и Техничкиот министер Спасов кој на медиумите кои се контролирани од СДСМ веднаш почна да манипулира со јавноста
Сител денеска се обиде да добие коментар од Спасовски по најновите информации за т.н. афера на Фокус, но од неговиот кабинет ја продолжуваат праксата на затвореност кон медиумите.
Додека Спасовски молчи, Чавков вели дека пишувањата на Фокус требале да му послужи на СДСМ за празна дневна политика и алиби за катастрофата што ја доживеа опозицијата на минатогодишните избори
Весникот Фокус е познат во македонската јавност по бомбастичните афери кои дишат веднаш откако ќе бидат надувани. Јавноста ја памети и т.н. афера со фалсификуваните пасоши кога весникот објави смешно видео на кое се гледаше наводно фалсификување на македонски патни исправи. И тогаш полициската истрага експресно докажа дека станува збор за само уште една манипулација со јавноста на медиумите кои ги контролира СДСМ а ги плаќа СОРОС.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
