Коѕијас му порачал на Нимиц дека не е надлежен да говори за грчките ставови
Јасно и строго му потенцирав дека не е надлежен да говори која е политиката на Атина, ниту да ја опишува, и тоа на погрешен начин, соопштува шефот на грчката дипломатија во однос на тоа што му кажал и што точно му порачал на Нимиц во телефонскиот разговор, по враќањето од Скопје.
Преку соопштение испратено до медиумите доцна синоќа, јавува дописникот на МИА од Атина, министерот за надворешни работи на Грција ги коментира последните случувања за решавање на прашањето за името.
- Имав долг разговор со личниот претставник на Генералниот секретар на Обединетите Нации, со господинот Нимиц, кој се врати од Скопје. Јасно и строго му потенцирав дека не е надлежен да говори која е политиката на Атина, ниту да ја опишува, и тоа на погрешен начин. – соопштува Никос Коѕијас и додава дека преговорите треба да се водат врз основа на она што било договорено во Давос, но и врз основа на ставовите што се поклопуваат.
Се додава дека вВрз основа на брифингот што го имав за разговорите што ги имаше господинот Нимиц во Скопје, разјаснив дека преговорите не можат да се водат поинаку освен во продолжение на договореното во Давос. Покрај тоа, секои добронамерни преговори се водат врз база на конвергенциите што веќе се постигнати, пишува во соопштението од шефот на грчката дипломатија.
Никос Коѕијас ја поздравува изјавата на вселенскиот патријарх Вартоломеј кој упати повик за трезвеност и воздржаност.
Ново на Сител
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
-

Чекор кон развој на современа реконструктивна микрохирургија - на Клиниката за пластична хирургија извршени две сложени микрохируршки операции
