Живот
19. March 2018 - 18:00

Кобна видео игра: Брат (9) ја убил сестрата (13) зошто не му го дала џојстикот

Тринаесетгодишно девојче од Мисисипи почина од последиците на ранување, откако ја застрела нејзиниот деветгодишен бра по кавга околу видео игра.

Локалната полицијата соопшти дека детето по кавгата со сестрата која не сакала да му го даде џојстикот за управување со видео-играта, го грабнал пиштолот и ја застрелал. Како што пренесува БиБиСи, детето на сестрата и пикало во глава од зад грб, така што куршумот влегол во мозокот.

Шефот на локалната полицијата соопшти дека драмата се одиграла во неделата и дека девојчето починало по ранувањето, во болница во Мемфис. Меѓутоа, нејасно е од каде му е пиштолот на детето.

Исто така, не се наведува каква ќе биде казната за детето. „Претпоставувам дека видел на телевизија или во видео игра како се прави тоа, не знам дали навистина знаел што ќе се случи. На тоа прашање не можам да одговорам, знам само дека е голема трагедија, рече шерифот.

Мајката на децата, како што се наведува во извештајот, била во соседната просторија во која ги хранела другите деца.

Полицијата сега ги истражува сите околности на оваа трагедија, како и тоа како детето дошло до пиштолот.

„Ова е потполно ново за нас. До сега не сме се сретнале со ваков случај, дете да застрела дете и тоа на 9 години“, истакна шерифот.