Македонија
1. јуни 2017 - 22:11

Клуб на генерали: Надворешни и внатрешни опасности нема, но да не се занемари опасноста од миграцијата

Барање на решенија како да се унапреди системот за безбедност и одбрана, и од тој аспект да ги развиеме и добрососедските односи. Експертите од сферата на безбедноста и одбраната велат дека иако во моментов не постојат посеиозни надворешни и внатрешни безбедносни предивици, на Македонија и е потребна визија за натамошната изградба на системот за безбедност во контекст на стабилноста на национално и регионално ниво.

Во однос на безбедносните ризици со кои може да се соочи нашата земја на меѓународен план, експертската анализа покажала дека не постои сериозна опсаност за агресија врз Македонија. Потреси врз безбедносната состојба единствено може да предизвика бегалската криза која се најавува на релација ЕУ – Турција.