-->
-->
Клоп посакува пехар во Лига Европа со Ливерпул
-->
Нок аут фазата во Лига Европа за повеќекратниот европски шампион Ливерпул стартува вечерва со гостувањето кај бундеслигашот Аугсбург. Менаџерот на „црвените“ Германецот Јирген Клоп е убеден дека неговиот тим може да победи во ова натпреварување.
- Само неколку клубови можат да размислуваат за освојување на Лига Европа, а мислам дека сме ние еден од тим клубови. Не треба да мислиме дека немаме шанси, но кога ќе видите кои клубови играат во ова натпреварување, ова е како Лига на шампиони. Ова е долга и тешка трка, изјави Клоп во пресрет на првиот дуел шт 1/16 финалето што неговиот тим го игра на гости.
За да се освои пехарот во Лига Европа потребно е да се елиминираат четири екипи со кои се играат осум натпревари (дома –гости) и притоа во финалето да се победи петтиот ривал, што значи дека победникот во нок –аут фазата ќе одигра вкупно девет натпревари.
Ливерпул во моментов во Премиер лигата се наоѓа на 8.место на табелата со 38 бодови или девет помалку од четвртиот Манчестер Сити, место кое обезбедува пласман во квалификациите од Лигата на шампионите за следната сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓорѓи Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“