-->
-->
Кина планира да лансира сонди на Месечината и на Марс
-->
Кинеските власти денеска најавија дека до 2018 година Кина ќе стане првата земја која ќе спушти своја сонда на темната страна на Месечината.
Во планот за вселенските мисии објавен од Канцеларијата за информации на Кина, наречен „Бела книга“ се предвидува до 2020 да биде лансирана и сонда на Марс. Стратегијата за наредните пет години е „да се истражи огромната вселена, да се развие вселенската индустрија и Кина да се развие во вселенска сила“, стои во програмата.
Во документот уште се истакнува дека намерата на земјата е искористување на вселената во мирољубиви цели и за гаранција на националната безбедност, како и спроведување најсовремени научни истражувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителството поднесе обвинение за убиството на Вања и Панче
-
Уставниот суд избира претседател
-
Општина Штип за првите 4 месеци прибра 30% за данок на имот
-
Волонтерите од Црвен Крст од Струмица со мали проекти ги поттикнуваат хуманите вредности во заедницата
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ