Казни и до 4.000 евра за неисчистен снег во Македонија
Во Законот за јавна чистота се пропишува дека општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје се должни да го исчистат снегот од јавните површини најдоцна во рок од 6 часа од почетокот на снежните врнежи, пишува порталот еМагазин.
Во истиот закон се пропишува дека во зимски услови при снежни врнежи сите сопственици, односно корисници на јавни објекти се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите.
Законот предвидува глоба во износ од 1 000 евра да му се изрече на правното лице сопственик, односно корисник на јавен објект ако не го исчисти снегот од отворениот простор пред јавниот објект.
Глоба во износ од 4 000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице ако не обезбеди редовно и квалитетно одржување на јавната чистота и чистење на снегот на јавни површини во зимски услови.
За овие прекршоци глоба во висина од 30 % од одмерената глоба за правното лице треба да му се изрече и на одговорното лице во правното лице.
Со оглед на тоа дека постои закон со кој се прецизира кој е одговорен за чистењето на јавните површини од снегот, тоа значи дека граѓаните кои се повредиле поради неисчистен снег на место за кое е одговорно одредена општина можат да поднесат тужби со барање за отштета.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка