„Катимерини“: САД се враќаат на Балканот
Посетата на Вашингтон на министрите за надворешни работи на земјите од регионот, грчкиот весник „Катимерини“ ги коментира како први чекори за враќање на САД на Балканот. Во текстот, дописничката на весникот од Вашингтон, ја пренесува изјавата на советникот за национална безбедност на Трамп, Херберт Макмастер, дека регионот е висок приоритет за САД, нешто што според аналитичарите, „не беше видливо во последните години“.
Весникот ја споменува и загриженоста на Американците за зголеменото руско влијание во регионот, во период кога Балканот добива сѐ поголемо стратешко значење за Европа поради клучната позиција за борба со тероризмот и контрола на миграцијата.
Анализирајќи ги изјавите на американските функционери, новинарката пишува дека САД сакаат да ја зајакнат соработката со земјите од регионот, а ја пренесува и изјавата на Рекс Тилерсон дека Вашингтон ќе соработува со ЕУ за стабилност мир и просперитет во земјите од Западен Балкан.
- САД ги поддржуваат евро – атлантските аспирации на земјите од регионот за интеграција во НАТО и ЕУ, за да се забрзаат реформите и да се зацврсти стабилноста и во овие рамки, тесно ги следат преговорите на Атина и Скопје во прашањето за името на пЈРМ, пишува „Катимерини“.
Според весникот, во американската администрација, со агендата за Западен Балкан веќе се занимаваат потпретседателот Мајк Пенс и државниот секретар за одбрана Џејмс Матис, но и вклучувањето на генералот Макмастер, како што пишува „Катимерини“, е важно за да постои јасна стратегија.
- Во регионот, како нови протагонисти се појавуваат новиот помошник државен секретар за Европа, Вес Мичел, кој според информациите, добива насоки и предлози набргу да го посети регионот. И други официјални претставници се главните играчи, како што е заменикот помошник државен секретар Хојт Брајан Ји, кој го познава Балканот и се очекува набргу да се врати во регионот како амбасадор во Скопје или Тирана, наведува дописничката на „Катимерини“ од Вашингтон.
Потпретседателот на Атлантскиот совет во Вашингтон, Дејмон Вилсон, за грчкиот весник вели дека Грција би можела да одигра посебна улога во регионот со оживување на Солунската агенда за Западен Балкан од 2003-та.
- Господинот Вилсон смета дека реактивацијата на САД треба да се развие во тесна соработка со Атина. Речиси 15 години по декларацијата во Солун и откако некои земји ризикуваа да ја загубат нивната ориентација, предлага нејзино обновување и тоа на трансатлантска основа, пишува весникот во опширната анализа.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд