Македонија
15. March 2016 - 16:18

Катица Јанева со блед извештај кој не го образложи пред јавноста

Катица Јанева ги урна лагите на Заев. Повеќе од три месеци му требаа на Специјалното обвинителство за конечно да одговори, што му предаде лидерот на СДСМ на ден пред Нова Година во шесте картонски кутии кои неговите телохранители ги внесоа во оваа зграда.

Ако може да му се верува на извештајот кој Специјалното јавно обвинителство денеска го предаде во Собранието, Заев доставил нешто над 540.000 аудио фајлови кои наводно се од прислушувани разговори. Картонските кутии, според Извештајот биле полни со 18.155 страници со транскрипти од нешто над 119 илјади разговори и СМС пораки.

Ако извештајот на обвинителството е точен математиката вели дека вкупно, Заев на Катица Јанева и доставил нешто над 650.000 незаконски стекнати разговори.

Освен Заев, приватните разговори на граѓаните сега ќе ги слуша и Катица Јанева и нејзиниот тим. Во извештајот таа признава дека нејзиниот тим ќе слуша се што зборувале граѓаните и ќе оценува, што е приватен разговор а што ќе се користи како доказ, иако Судот уште одамна оцени дека незаконски стекнати материјали не можат да бидат докази во судска постапка

За својата двомесечна работа, Специјалното обвинителство ги чинело граѓаните нешто над 220 илјади евра или 3.000 евра дневно. Од оваа сума 13 обвинители само за како нето плати си поделиле над 19.000 евра. Дел од парите се трошеле за реновирање на зградата која државата му ја отстапи на ова обвинителство, а најмногу пари граѓаните на Македонија платиле за договорните услуги.

78.000 евра се потрошиле за исплата на договорите кои ги направило специјалното обвинителство. Најголем дел од овие пари најверојатно се потрошени за плаќање на правните експерти кои специјалното обвинителство ги користело во истрагите. Кои правни експерти ги полнеле сметките со парите кои граѓаните му и ги плаќаат на Катица Јанева, од Специјалното обвинителство нема одговор.

Во текот на целиот ден, за прв пат од формирањето на обвинителството Сител имаше коректна комуникација со Специјалното обвинителство. Обвинителката Ленче Ристовска, без проблем одговараше на нашите прашања поврзани со времето на доставување и објавување на извештајот, но кога прашавме кои се тие правни експерти од Македонија кои добивале хонорари за да го советуваат обвинителството, се се врати по старо. Од Специјалното обвинителство молк и класично бегство од одговорите на прашањата на Сител.

Ваквото однесување на Јанева отвора простор за сомнеж дека најверојатно со парите на граѓаните преку Специјалното обвинителство се плаќале т.н. експерти на СОРОС чија главна цел, освен полнење на своите сметки била и бранење на позициите на Катица Јанева во македонските медиуми.

Сител со месеци испраќа прашања до Специјалното јавно обвинителство но до овој момент нема одговор во врска со лажните изјави кои обвинителката Катица Јанева ги потпишувала пред нотар во врска со становите кои ги поседува во Скопје и земјоделсото земјиште во Гевгелија кое го барала на користење.

Во својот извештај Јанева наведува дека 30 предмети против 80 лица се во фаза на истрага а 120 предмети се во предистражна постапка. Специјалната обвинителка најавува дека многу брзо може да се очекуваат и првите обвиненија што коинцидира со предизборниот период, што е уште само ги потврдува обвинувањата на експертите и владејчката ВМРО-ДПМНЕ дека Катица ЈАнева е продолжена рака на Заев и ќе работи во неговиот штаб за време на предизборната кампања.