Каталонските сепаратисти бараат прогласување независна држава
Најголемата сепаратистичка група во Каталонија, Националното каталонско собрание (АНЦ) побара од регионалната Влада во Барселона да прогласи независна „држава Каталонија“ по вчерашниот референмдум за независност.
- Сега немојте да не изневерите. Дојде моментот на вистината, изјави ноќва лидерот на АНЦ, Жорди Санчес во обраќање до каталонската регионална Влада пред насобраната група поддржувачи на независноста на Каталонија на централниот плоштад во Барселона.
Тој нагласи дека очекува „многу наскоро да се роди новата каталонска држава“.
Претходно, лидерот на здружението „Омниум“, Жорди Куишарт синоќа соопшти дека двата водечки каталонски синдикати Генералната унија на трудот (УГТ) и Синдикалната конфедерација на работничките комисии (ЦЦОО), АНЦ и уште 41 органиција, кои ја поддржуваат независноста на Каталонија, во вторник ќе организираат генерален штрајк поради „крешењето на правата и слободите“ во овој шпански автономен регион.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци