Касперски доби покана да сведочи пред Конгресот на САД
Основачот и изврешен директор на руската компанија за антивирусен софтвер „Лабораторија Касперски“, Евгениј Касперски, изјави денеска дека добил покана да сведочи пред Конгресот на САД кон крајот на овој месец во врска со безбедноста на производите на компанијата.
Касперски наведе дека за да одговори на барањето има потреба од што поскоро добивање на виза.
Комисијата на Претставничкиот дом соопшти дека го поканила Касперски да сведочи на 27 септември. На сослушувањето исто така се повикани и експерти за кибер безбедност.
Поканата беше испратена, еден ден откако Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на државните институции на САД да ги отстранат софтверските производи на „Лабораторија Касперски" од своите компјутерски системи
Белата куќа соопшти, дека постои опасност компанијата да е под влијание на Кремљ и оти нејзиниот антивирусен софтвер може да ја загрози националната безбедност на САД.
Министерството за внатрешна безбедност издаде директива кон другите оддели да направат попис на сите производи на „Касперски" во своите компјутерски системи во рок од 30 дена, да изработат планови за да ги отстранат во период до 60 дена и да престанат во целост да ги користат за 90 денови.
- Министерството е загрижено поради врските меѓу некои вработени во „Касперски“ и руското разузнавање и други владини агенции, како и можноста која ја дозволува руското законодавство да замолат или да побараат соработка од „Касперски“ и да ги прекинат комуникациите кои транзитно минуваат низ руски мрежи, се наведува во соопштението на американското Министерство за внатрешна безбедност.
Фирмата „Лабораторија Касперски“ повеќепати негираше дека е поврзана со која и да е влада, тврдејќи дека нема намера да помога на која и да е администрација да врши кибер шпионажа.
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“