Кaрпош ќе добие нова сообраќајна артерија
Општина Карпош ќе добие нова сообраќајна артерија на својата територија. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска го најавија проширувањето на улицата „Васил Чакаларов“, како сообраќајно продолжение на ул.„Теодисиј Гологанов“.
Со ова проширување се предвидува изградба на нова лента на ул. „Васил Чакаларов во должина од 200 метри пред раскрсницата на ул.„Теодосиј Гологанов’’, ул.„Васил Чакаларов“’ и ул.„Московска“.
- Овој зафат, иако мал во должина, е голем по своето значење не само за протокот од сообраќајот на возилата кои што доаѓаат надвор од општина Карпош, туку и за сите оние граѓани кои сообраќаат од западниот дел на Македонија, бидејќи ова е практично главната влезна артерија кон централното градско подрачје во Скопје. Со ова се овозможува и многу помало загадување за жителите кои живеат околу оваа раскрсница, што значи има посебно влијание врз еколошкиот живот на граѓаните кои живеат во овој дел од општината, истакна Јакимовски.
Заблагодарувајќи му се на градоначалникот Јакимовски за помошта при средувањето на имотно - правните односи, Трајановски напомена дека со овој инфраструктурен зафат ќе се растовари метежот кој се создавал на оваа сообраќајница.
- Целата оваа инвестиција ќе чини 3,5 милиони денари и ќе биде обезбедена од ЈП „Улици и патишта“. Морам да напоменам дека ова лето Градот Скопје има интензивни градежни активности во сите свои 10 општини, па така и овојпат во соработка со општината Карпош ќе придонесеме за поголема проодност на сообраќајот во овој дел од градот, рече Трајановски.
Ново на Сител
-
ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60.090 денари
-
Уапсени седум педофили во Србија, во становите пронајден детски порнографски материјал
-
Русија ги обвини САД дека сакаат да распоредат оружје во вселената
-
ОЈО отвори истрага против врховниот судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Мемети
-
Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф
-
Ердоган против Евровизија: „На вакви настани стана невозможно да сретнеш нормален човек“
-
МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете
-
Тошковски: Дивиот забавен парк кај Борис Трајковски ќе биде затворен и отстранет