Македонија
27. April 2017 - 20:52

Каракамишева: Kако не им беше срам да молчат пред интонирањето на албанскатa химна во Собрание?

– Kако не им беше срам дa молчат пред интонирањето на албанската химна, a во истата прсторија во македонското Собрание да не стануваат на македонската химна? Како овие пратеници ќе се вратат дома пред своите деца, ги запраша пратениците на СДСМ и нивнвата коалиција професорката Татјана Каракамишева Јовановска во дневникот на Сител.

Таа во своето денешно гостување истакна дека ваквото однесување е класична провокација и е тотално неприфатливо.