Каналска мрежа за наводнување во гевгелиско
Од регистрираните 2.000 хектари земјоделско земјиште, годинава планирано е да се наводнуваат помалку од половината, поточно 890 хектари, соопштија денеска од подружницата „Јужен Вардар“ во Гевгелија, која е дел на АД „Водостопанство“ на Република Македонија.
Водата за наводнување, според надлежните, ќе се обезбедува од хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и од повеќе други извори, во прв ред од природните водотеци, зафаќање со пумпи од реката Вардар, како и од малите акумулации кои моментно се санираат поради тоа што се наоѓаат во лоша состојба.
Пред почетокот на сезоната за наводнување, од гевгелиската подружница „Јужен Вардар“ најавија реализација на акција за чистење на отворената каналска мрежа во должина од 10 километри, како и поправка на хидротехничката опрема на системот за наводнување.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена