Свет
23. July 2016 - 9:30

Кампања: Ако барате Покемон, можете да го најдете во Сирија

Сириските опозициски групи го употребија Покемон за да го привлечат вниманието на страдањата на децата во петгодишната војна во земјата.

Сириската национална коалиција, поддржана од Западот, објави фотографии на деца со слики со Покемон во сириските градови, кои бараат помош. 

- Ако барате Покемон, можете да го најдете во Сирија, објави Коалицијата на Твитер.

Голем број Сиријци оценуваат дека светот не е заинтереситан за конфликтот во кој загинаа над 250.000 лица, половина од населението беше принудено да ги напушти домовите, а стотици илјади луѓе се под опсада  на владините или бунтовничките сили.