Камерите на Касини снимија гејзер на Енцелад
Камерите на вселенската сонда Касини снимија во гроплан еден од гејзерите на месечината на Сатрун, Енцелад.
Американската вселенска агенција (НАСА) објави фотографии од малиот леден природен сателит на Сатрун.
Сондата зумирала низ водената пареа и честчките мраз кои избиваат од потповршинскиот океан Енцелад.
Американско-европската сонда Касини била на оддалеченост од 45 километри од јужната поларна област на месечината, движејќи се со брзина од приближно 30.500 километри на час.
Мерењата на гејзерот се уште пристигнуваат од Касини, која орбитира околу Сатрун и потребни се две недели да се анализираат податоците.
Научниците веруваат дека под заледената површина на Енцелад се наоѓа глобален океан со течна вода.
Енцелад е откриена од германско-британскиот астроном Вилхелм Јершел во 1789 година, а името го доби по гигант од грчката митологија.
Сондата Касини е лансирана во 1997 година како здружена мисија на вселенските агенции НАСА/ЕСА/АСИ, а нејзината задача е да го проучува Сатрун и неговите сателити.
Ново на Сител
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ