Каде ќе им биде крајот: Велика Британија ќе ги уништува лидерите на ИСИС со “паметни ракети” ?
Проектилите кои ги нарекуваат и „паметни ракети“ се толку прецизни што речиси во сантиметар ја погодуваат саканата цел во движење со оддалеченост од 11 километри. Со нив Велика Британија би требало да ги уништи џихадистите од Исламската држава, пишува “Daily Mail”.
Ако Велика Британија ги прошири своите операции во Сирија, со ласерските водени ракети Brimstone, ќе им втера страв во коските на исламистите од ИСИС. Пилотите на авионите Торнадо истрелуваат ракета која може да го погоди возилото кое јури со брзина од 112 километри на час.
Секоја ракета има мала, но многу прецизна боева глава која ја намалува можноста од страдање на околни цели. Ако британскиот парламент одобри проширување на воената мисија во Сирија, од Министерството за одбрана веќе најавиле дека нивната прва цел ќе бидат лидерите на Исламската држава и нивните кампови за обука, пишува британски „Mirror".
1. За да ги уништат џихадистите на ИСИС со паметните ракети, за почеток Британците би требало со шпионски авиони да ја откријат и да ја утврдат нивната точна позиција.
2. Кога ќе ја открие позицијата, шпионскиот авион тогаш му ги испраќа координатите на пилотот на воениот авион, кој веднаш полетува со паметната ракета Brimstone.
3. Кога пилотот ќе ја нанишани целта која може да биде и во движење, тогаш ја програмира ласерски наведената ракета која има намалена експлозивна сила.
4. Боевата глава на оваа моќна ракета е дизајнирана за да ја убие целта, но да се намали можноста од страдање на околни цели, на пример недолжни цивили. Инаку, пилотот сам одлучува кога ќе дојде до експлозија.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата