Јункер: За излезот на Велика Британија од ЕУ ќе бидат потребни повеќе од две години
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер верува дека ќе бидат потребни повеќе од две години за да се постигнат сите договори околу излезот на Велика Британија од ЕУ, јави Танјуг.
-Мислам дека нема да успееме во рок од 24 месеци да ги постигнеме сите договори за Велика Британија да ја напушти ЕУ и да воспостави целосен однос со европскиот континент, изјави Јункер на маргините на меѓународната конференција за безбедност во Минхен, пренесоа британските меидуми.
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека во март ќе го активира член 50 од Лисабонскиот договор за да ги почне преговорите за Брегзит, што може да потраат до две години.
Јункер додаде дека во Велика Британија мора да бидат сменети најмалку 20.000 закони пред да може да ја напушти ЕУ, како и тоа дека Велика Британија нема право да ги доврши спогодбите за билатералната трговија додека е се уште во Унијата.
Ново на Сител
-
57 вработени на Токсикологија бараат одговорност од организациската директорка Бесија Иљази
-
Импровизираниот луна парк се уште не се демонтира - На потег УЈП и ДПИ
-
Судот му го одзема пасошот на обвинителот Иџет Мемети, тој негира дека е вмешан во случајот со мито
-
ДКСК бара одговорност од Габер, директорката на АСЈО тврди по одлуката на судот запрен е процесот на тестирање
-
Во ОКТА отворен центар за обука од областа на противпожарната заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
Силјановска на средба со папата во Ватикан
-
Судот му го одзема пасошот на Мемети